Во напуштена зграда во Скопје

Коњ оставен на тераса во стан во Дебар Маало, спасен е и однесен во ЗОО

Пријави од граѓани за коњ што бил оставен на тераса од стан во Дебар Маало, Скопје вчера стасаа до полицијата. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Како што информираа од Зоолошката градина во Скопје, приказната имала среќен крај и животното било спасено. 

„Вчера беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите“, велат од ЗОО Скопје. 

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе