Конференција во Охрид во рамки на подготовките за вежбата „Северна Македонија 2021“

Во рамки на подготовките за вежбата „Северна Македонија 2021“ што во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (ЕАДРЦЦ) ќе се одржи во септември годинава на подрачјето на Охрид и Струга, денеска ќе се одржи финална планирачка конференција во Охрид.

Како што најавија од Центарот за управување со кризи, на конференцијата воведни обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, координаторот на вежбата од страна на НАТО, Вим Ванхаме, военото аташе на САД во земјава, полковник Питер Ровел и директорот на вежбата од страна на РС Македонија, д-р Урим Вејсели.

Инаку, како што стои во соопштението од ЦУК, подготовките вклучуваат посета на НАТО главниот планирачки тим и истовремено реализација на Финалната планирачка конференција за претстојната вежба. Настанот е во коорганизација на NATO ЕАДРЦЦ и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во подготовките и Финалната планирачка конференција учествуваат претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи и членови на НАТО главниот планирачки тим. 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе