Конечно снег во Маврово, викендов и скијање

Попладнево во Маврово почна да врне снег. Ниските температури и временската прогноза ветуваат дека конечно во Маврово ќе се задржи снежната покривка, а тоа ќе значи дека викендов по долго чекање ќе почне скијачката сезона. На ски-патеките во Маврово пуштени се топовите за снег.

Синоптичарите за денеска попладне и за утре најавуваат нови врнежи, проследени со ветер и пад на температурите.

Поради продор на студена воздушна маса од север, се очекуваат локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат позастапени во западните делови каде тенка снежна покривка ќе има и на пониските места. Врнежите ќе завршат ноќта кон петок, кога ќе следува период со значително ниски температури. В петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Најстудено ќе биде наутро за време на викендот кога температурите ќе се спуштат и до -12 Целзиусови степени.

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе