Кога општината Маврово Ростуше не си ја врши работата, сопствениците на викендиците сами го чистат крајбрежјето (ФОТО+ВИДЕО)

Како и лани, така и годинава, сопствениците на дел од викендиците околу Мавровското Езеро, сами ја презедоа комуналната дејност на општината. И годинава тие ангажираа механизација, работници и исчистија дел од насобраното ѓубре и шут околу езерото. Го исчистија и делот од крајбрежјето каде што е планирана изградба на камп.  

 

Истото се случи и лани. Се собраа пари, се ангажираа работници и механизација и во еднодневна акција се исчисти дел од Мавровското Езеро. Тоа што е надлежност на општината, за што сопствениците на викендиците и плаќаат соодветна комунална такса, повторно некој друг им ја заврши работата. Повторно се собраа пари..., ама сите рекоа белким нема им прејде ова во навика на општинските власти. 

А таму, во власта, и покрај бројните сериозни забелешки за работата на досегашниот градоначалник Медат Куртовски, Владата, по неуспешните локални избори во оваа општина, реши за владин повереник да го именува истиот - Куртовски. Додека тоа не го гледа Владата, еве ги коментарите на љубителите на Маврово: „Ова треба да го прави општината. Не ми е јасно за што постои оваа општина во Маврово освен за криминал!“

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе