Нов извештај

Кога не може општината, УНЕСКО со детални препораки за градбите покрај Охридското Езеро, за урбаните опреми, за терасите...

На 200 страници УНЕСКО ги запиша сите забелешки во однос на загрозувањето на Охридскиот регион. УНЕСКО препорачува целосна забрана за градба покрај брегот на Охридското Езеро, бара отстранување на дивите објекти на брегот и во заштитеното подрачје на градот, усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, заштита на старата градска архитектура, отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот и сончевите колектори од куќите во стариот дел од градот...

Во обемниот извештај  УНЕСКО бара да се ограничи и издавањето на дозволи за градба согласно Планот за управување со регионот. Во стариот дел од градот ИНЕСКО бара да не може да се поставуваат тенди, настрешници и останати реквизити со кои се нарушуваат визурите околу знаменитите објекти од културно историското наследство, конкретно посочувајќи ги тендите на летните тераси околу црквата Света Софија.

Се бара и реконструкција на пешачката патека која го поврзува каналот „Студенчишта“ со „Горица 1“, бидејќи оценката е дека се прекинале природните врски меѓу езерото и блатото со што бил загрозен живиот свет.

Извештајот за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охридскиот регион е доставен до институциите во земјава, а деновиве се очекува да го добие и Општина Охрид.

Еколозите долго време алармираат дека Охрид ќе се најде на листата на заштитени подрачја во опасност, што би значело и користење на стручна помош, искуства и механизми на УНЕСКО.

Со ваквиот извештај останувањето на Охрид на листата на светско природно културно наследство на УНЕСКО се доведува во прашање. Општината секогаш вика печатот на УНЕСКО е од големо значење за градот и за регионот, но навистина малку се прави за задржување на тој статус, кој не е вечен - ако не се почитуваат стандардите може и да се изгуби.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе