Коалицијата Менуваме на марш за достоинствен живот

Со марш под мотото „Биди херој, излези и бори се за достоинствен живот“ што ќе се одржи на 9 август од пред Владата до Собранието, коалицијата Менуваме бара поддршка за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост.

„Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост“, велат од Коалицијата.

По неодамна одржаната средба, владините претставници побарале од Коалицијата да издвои три приоритетни барања.

Првото барање е покачување на додатокот на попреченост од 7.100 на 12.000 денари.

Посебниот детски додаток да се покачи од 5.100 на 10.000 денари, а додатоците да се изедначат со минималната плата во државата во следниве 2 години.

Второто барање е да се симне границата од 26 на 18 години, а третото е да се изготви регистар за лица со попреченост, дневни центри и центри за рехабилитација.

Македонија, како што соопштија од Коалицијата, ја има ратификувано конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.

„Комитетот при ООН за правата на лицата со хендикеп по основ на имплементација  на член 28, став 45  посочува  со цел да се  гарантира соодветен животен стандард на  лицата со попреченост, преку компензации во форма на паричен додаток кој би овозможил лицата со попреченост да можат да  ги покријат трошоците поврзани со попреченоста:  државата да ги укине одредбите за лицата со попреченост кои според возраста ги квалификува да пристапат до социјални бенефиции, да алоцира одредени парични додатоци и надоместоци за децата со попреченост: да обезбеди итна  материјална помош за биолошките и згрижувачките семејства, како и препораките од член 19 став 32,  да усвои мерки преку кои ќе се осигура дека лицата со попреченост имаат законско право на доволен личен буџет за независно живеење, да ги земе во предвид дополнителните трошоци кои се однесуваат на попреченоста... Од овие причини, бараме зголемување на износот на сите додатоци по основ на попреченост, како и посебниот детски додаток“, објаснуваат од Коалицијата.

Истовремено, оттаму бараат да им се овозможи да ги покријат трошоците кои се поврзани со попреченоста, вклучувајќи и не ограничувајќи се на лекови, суплементи, физикална терапија, сензорни соби, помошни помагала и слично, соодветно на состојбата и возраста на лицето, а и да можат активно да бидат вклучени во целокупниот општествен живот, што вклучува транспорт, влезници/котизации, финансиска можност за негување на интереси и хобија.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе