Коалицијата „Менуваме“ бара сензорна мини зоолошка градина, слепите лица да ги осознаат животните со допир

Коалицијата „Менуваме“ бара од Министерството за труд и социјална политика и Националното кординативното тело за имплементација на Конвенцијата на правата на лицата со хендикеп на ОН и Владата да се заложат овие лица да добијат сензорна мини зоолошка градина. 

„Оваа сензорна мини зоолошка градина со макети на одбрани диви животни кои што слепите лица не можат да ги осознаат по визуелен пат, сега со тактилното чувство на допир ќе добијат правилни сознанија за нив. Животните ќе бидат поставени во посебно дизајнирани кафези каде што на браево и видно писмо ќе бидат напишани во кратки црти карактеристиките на соодветното животно и напишаните информации ке бидат поставени на сталак. Кога слепото лице ќе застане пред животното, ќе нагази на сензор кој што ќе активира звук со ономатопеја на тоа животно“, велат од Коалицијата „Менуваме“. 

Оттаму даваат и визуелизација како таа мини зоолошка градина би изгледала.

„Кај дел од кафезите има и езерце кое што ќе се полни со вода од импровизирана рекичка која што извира од „некаде". На влезот на рекичката во езерцето е проектирано мало мовче. Има мал сензорен парк и клупи за седење. Сензорниот парк служи за забава и рекреација и на типичните деца кои што со своите родители ќе дојдат на посета. За слепите деца сензорниот парк ќе служи за подобрување на тактилното чувство во отворен и непознат простор и е во корелација со наставниот предмет ориентација и мобилност во просторот. Таму ќе можат да изведуваат движења кои ќе ги ослободат од чувството на страв, стегнатост, недоверба и ќе се препуштат како ретко кога на забава и откривање на нови нешта во непознат простор во вид на посебни препреки и нивно успешно совладување“, појаснуваат од Коалицијата.

Од особена важност, додаваат, е тоа што преку предметот ориентација и мобилност во просторот слепите ученици ќе се стекнуваат со нови вештини во ресторантски простор.

Во него ќе се чувствуваат слободно без стеснување како кога би се обучувале во ресторан некаде во градските средини, затоа што овде се дома, во нивното училиште и ефектот ќе биде максимален.

Од Коалицијата „Менуваме“ потенцираат дека е потребен и објект во кој ќе има ортооптичко плеоптичко одделение со кое што ќе раководи лекарски тим од очна клиника. Таму ќе се изведуваат потребните офталмолошки прегледи, потребните вежби за одржување или подобрување на состојбата на видот на учениците согласно поставените дијагнози. Ќе бидат набавени сите потребни апарати и помагала за квалитетна офталмолошка дијагностика и рехабилитација на слепите и слабовидните ученици.

Исто така, нагласуваат, во постоечкиот објект кој што се граничи со сензорната мини зоолошка градина треба да се инсталира компјутерска апаратура со којашто со помош на Биомеханиката и Биомеханичките анализи на движење со што ќе треба значително да се подобри психомоториката на слепите ученици и понатамошно јакнење на психомоторниот развој преку правење стручна биомеханичка анализа на движењата на слепите ученици кои содржат значителни примеси на ретардирана моторика, така наречени „типични движења на слепите". Рехабилитацијата која што вклучува четири активности чија што цел е придонес во подобрување на моториката преку компјутерска модернизација.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе