Клубовите Адмирал, Астра, Апекс и Казино Фламинго Хотел затворени за новогодишните празници

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС  во која членуваат Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел и Апекс Македонија информира дека ги почитуваат сите превентивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести и дека во нивните клубови нема да има новогодишни прослави и ќе бидат затворени во перидот од 31 декември 2020 од 22 часот до 1 јануари 2021 година до 10 часот.

„Ние сме претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се спроведуваат сите безбедносни протоколи за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. За време на пандемијата со Ковид-19 имаме слух и целосно разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со тешките последици од актуелната здравствена и економска криза“, стои во соопштението од АПИС, во врска со денешните информации дека наводно во казината и обложувалниците ќе се организира новогодишни прослави.

Како општествено одговорни компании, се вели во соопштението, се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното „Фламинго" – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра.

За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата. Минатиот месец во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, нашите вработени, кои се во добра здравствена состојба и ги исполнуваат неопходните медицински услови, учествуваа во голема хуманитарна акција за донирање крвни единици која се спроведе во нашите работни простории, се наведува во соопштението од Асоцијација на приредувачи на игри на среќа – АПИС.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе