Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијатива на Антикорупциска, отворени се за соработка

Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија. Клиниката, како што соопшти денеска, е отворена за соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи кои ќе бидат потребни за утврдување на вистината.

ДКСК ќе ги испитува законитоста и постапките за договорот за детска кардиохирургија.

Државната комисија за спречување на корупција вчера на седница најави дека ќе испитува дали е законска постапката за доделување на лиценцата за вршење дејност од областа на детска кардиохирургија на специјализираната болница по хируршки болести „Жан Митрев“, како ќе работи оваа болница откако единствениот лиценциран детски кардиохирург Владимир Чадиковски даде отказ, како и дали се исполнети условите за еднострано раскинување на договорот.

Здравствената дејност во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ – Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Инспекторатот соопшти дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ во врска со исполнувањето на законската обврска на здравствената установа за вршење на здравствената дејност согласно дозволата за работа издадена од Министерство за здравство.



 

Стануваме и општество на меѓунационална недоверба и постојана сомничавост, која не секогаш е без причина.

повеќе

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе