КЗБ и ИЈЗ во соработка со СЗО

Ќе се набавуваат тестови и терапија за мајмунски сипаници, најави КЗБ

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција ги соопшти заклучоците од состојбата со ковид-19 и со мајмунските сипаници. Тој вели дека КЗБ покажала загриженост бидејќи во светот има ширење на вирусот со мајмунските сипаници и дека на состанокот бил донесен заклучок системот да се подготви за евентуални пациенти и кај нас. Во соработка со СЗО ќе се набавуваат тестови и терапија за овој тип на вирус. 

„Комисијата за заразни болести покажа загриженост бидејќи има ширење на вирусот во светот. Сите релевантни институции покажуваат одреден степен на загриженост, целта на КЗБ е да го подготвиме системот, односно клиничките патеки за следење на евентуални пациенти. Оваа состојба со мајмунските сипаници не е пропорционална со пандемијата со ковид, но со оглед дека сакаме да сме подготвени како систем, се договоривме да ја следиме состојбата и да обезбедиме се што е потребно за евентуален план за лекување на пациенти. Вирусот на мајмунски сипаници постои половина век. Сите земји имаат проблем да обезбедат квалитетен третман и дијагностицирање. Институтот за јавно здравје веќе воспостави контакт со СЗО (Светска здравствена организација) да се набават тестови и терапии. Симптомите на оваа болест се промена на кожата, меурчиња, висока температура, болки во мускулите, омалаксаност...", појаснува Мехмедовиќ.

За состојбата со ковид-19 за сега нема промени бидејќи како што вели д-р Мехмедовиќ состојбата е стабилна. 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе