Ќе се делува на биолошката загуба, климатските промени и загадувањето, со посветена примена на конвенциите, вели Нуредини

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска присуствуваше на состанокот на високото ниво на Конференцијата на земјите страни (КОПС) на Базелска, Ротердамска и Стокхолмска конвенција, тесно поврзан со меѓународниот состанок за животна средина Стокхолм +50, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од МЖСПП истакнуваат дека, под мотото „Глобален договор за здрава Планета: Добро управување со хемикалии и отпад", сегментот на високото ниво, го адресираше придонесот на трите конвенции во справувањето со тројната планетарна еколошка криза: биолошката загуба, климатските промени и загадувањето.

Министерот Нуредини ја истакна потребата од блиска соработка со сите партнери за зајакнување на контролите и подобрување на управувањето со прекуграничното движење на опасниот отпад.

„Главните пораки на министрите учесници, беа адресирани кон можностите за намалувањето на загадувањето, преку имплементацијата на трите конвенции; можностите што ги нуди нивната имплементација за придвижување кон управувањето со животниот циклус на хемикалиите и отпадот и можностите што ги отвора промоцијата на новите и чистите технологии и иновативниот пристап за финансирање, соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе