АМСМ

Километарски колони на Плетвар, превртено тешко товарно возило

Километарски колони по 16 часот има на планинскиот превој Плетвар, поради превртено тешко товарно возило кај местото Топлица.

„Тешко товарно возило околу 16 часот се преврте на патниот правец Прилеп – Градско кај местото Топлица.  Сообраќајот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила – камиони“, информира АМСМ.

Засега не е позната причината за несреќата, а полицијата прави увид на местото.