Грчките власти вовеле нова мерка за влез во нивната земја, брзи ПЦР-тестови за сите возачи на камиони на граничните пунктови.
Бугарија веќе реагираше за оваа ненајавена мерка од грчките власти и побара да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница.
Бугарија побара објаснување од грчкото Министерство за надворешни работи, како и од Министерството за цивилна заштита и националната гранична полиција во врска со воведените брзи тестови за возачите на камиони на граничните пунктови со Бугарија. Според Бугарија ова е во спротивност со регулативите на ЕУ. Потпретседателот на Сојузот на бугарски транспортни работници Веселин Дангов смета дека тоа е дискриминаторски однос кон превозниците.