Управата за извршување на санкции за прекинот на осудениот во „Рекет“

Кичеец бил пуштен од затвор поради тахикардија и градна болка

Со решение на Управата за извршување на санкции на осудениот во „Рекет", Зоран Милевски Кичеец му е одобрен прекин на издржување на казната затвор поради здравствена состојба. До Управата доставил специјалистички извештаи од лекарски прегледи.

На 10.08.2021 година, на осудениот Зоран Милески му е одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со чл.225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите. Казната затвор која оваа осудено лице ја издржува во КПД од отворен вид Струга му се прекинува во времетраење од 30 дена и тоа од 10.08.2021 година до 09.09.2021 година на кој ден иститот треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната. Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а истиот му беше одобрен од причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 06.08.2021 година и на 09.08.2021 година во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања ,,Св.Стефан'' во Охрид. Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, дспинеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Пациентот поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со amp.Presolol и amp.Cordarone и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција. Дијагнозата за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е ,,Суправентрикуларна тахикардија'' и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија", се вели во соопштението на Управата за извршување на санкции.

Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено, додаваат од УИС. 

Дека Кичеец е на слобода и има прекин на затворската казна јавноста дозна на 4 септември. Тогаш околу 15,30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила џип „мерцедес", патничко возило „бмв" и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, се пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад" за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар извршија увид.

Кичеец е осуден на три години казна затвор за случајот „Рекет“, за дело за коешто се осудени и Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Кичеец ја издржува казната во затворот во Струга, каде се наоѓаат осуденици за полесни кривични дела.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе