Казни од по 7.000 евра за десет правни субјекти на охридското крајбрежје

Општинскиот инспекторат од Охрид во текот на празничниот викенд, во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, од аспект на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од ковид-19, при што се изречени казни на десет правни субјекти.

Станува збор за казни против пет правни субјекти од автокампот „Градиште“ што ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од 7.000 евра во денарска противвредност. Инспекторите констатирале дека тие правни субјекти незаконски поставиле урбана опрема – тераси со и без натстрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема.

Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против пет правни субјекти, со ист износ од по 7.000 евра во денарска противвредност.

Од Локалната самоуправа велат дека и во текот на наредниот период инспекторатот ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје и ќе ги санкционира сите прекршувања на законските одредби.

МИА

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе