За непостапување според здравствените прописи

Казна од 2.000 евра за мајка што 2-годишното дете кое било во изолација го однела на видување кај таткото

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Обвинителството, обвинетата како законски застапник на дете родено 2019 година, не постапила според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Имено, иако со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат детето било ставено под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од 11.08.2021 година, обвинетата без да го запознае таткото на детето за настанатата ситуација, од 19 до 22.08 му ја дала ќерката за тој да оствари видување на кое имал право со решение на Центарот за социјални работи.

Таткото се сретнал со детето надвор од неговиот дом, а за одредената задолжителна изолација на ќерката дознал кога на неговиот телефонски број, преку апликацијата Вибер му пристигнало решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетата да одреди парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе