Кавадаречката библиотека има член четиригодишник

Најмладиот член во кавадаречката библиотека има само четири години, а последна позајмена книга од него е „101 начин да ја спасиме Земјата”. Директорката на библиотеката, Весна Гркова рече за МИА дека највозрасниот член има 89 години.

„Библиотеката ,,Феткин” своите корени ги носи уште со формирањето на првото читалиште во 1870 година во Ваташа. По ослободувањето отпочнала со работа на 16 мај 1945 година, во склоп на гимназијата, а од 1953 година работи како самостојна установа. Од 1964 година добива свој простор во зградата на Домот на културата во централното градско подрачје, во кој се наоѓа и денес . Во текот на своето работење, низ годините, преку библиотеката имаат поминато многу генерации ученици како и сите останати категории граѓани : вработени, студенти, невработени и пензионери во општина Кавадарци, кои во текот на своето школување ги користеле услугите на оваа институција од културата, која придонесува за подигање на културното и образовното ниво на граѓаните“, појасни Гркова.

Денес во библиотеката се зачленети 3185 возрасни членови и 3020 членови во оддел за деца ,од кои 2450 се активни членови.

„Се читаат сите жанрови на литература а најмногу белетристика и тоа трилери, драми, романси, историски и биографски дела. Додека децата и младите читаат најмногу лектири, обработки, бајки и најчитаната книга за млади ,,Хари Потер”, информираше директорката.

Таа нагласи дека по статистиките, во Кавадарци повеќе читаат женските, отколку машките лица.

„Интересно е дека читателите во библиотеката од најрана возраст доаѓаат и позајмуваат книги и тоа продолжува во текот на нивниот живот, за време на школување па и после завршување на школувањето. Некои членови со прекини се зачленуваат повторно, но има и такви кои без прекин се членови секоја година. Таков случај е Кузманова Маре, која редовно без прекин членува во библиотеката веќе 50 години. Иако лице со посебни потреби, од своето описменување до денес нејзината дружба со книгата е секојдневна. Со помош на своите родители позајмува и чита редовно најразлична литература, од класици до најновите изданија белетристика“, соопшти Гркова.

Изминатата година запаметена најмногу поради корона кризата, беше карактеристична за библиотеката по тоа што за првпат се воведе карантин во работата на библиотеката.

„Карантинскиот период и периодот на изолација ја наметнаа зголемената потреба од читање на книги. Интересот за позајмување на книги се зголеми и книгата стана начин за квалитетно исполнето слободно време. Се воведе и карантин за вратените книги, кои отстојуваат во посебна просторија три дена каде има УВ ламба, се со цел безбедно да се позајмуваат на читателите после овој период“, појасни директорката.

Членарината изнесува 200 денари и трае една година, а се плаќа пет денари за позајмена книга.

„Читателите имаат слободен пристап до книгите. Се набавуваат најновите изданија од сите издавачки куќи, освен на македонски, има и англиска литература. Во склоп на библиотеката се чуваат и делата на роднокрајните автори како и дневните весници Нова Македонија од 1947-2005 година. Исто така има и интернет катче кое може да се користи“, додаде Гркова.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе