Завршил на Клиниката за трауматологија во Скопје

Кавадарчанец бегајќи од полицијата за време на полициски час скршил нога

Кавадарчанец синоќа скршил нога бегајќи од полицијата за време на полициски час и завршил на Клиниката за трауматологија во Скопје. Оваа информација ја потврди доктор Благој Митев, хирург на хируршкото одделение при Општа болница со проширена надлежност Кавадарци, кој синоќа бил дежурен лекар.

„Констатирав фрактура на потколеница која не е стабилна и во договор со дежурниот доктор на Клиника за трауматологија, пациентот беше испратен во Скопје на понатамошно лекување“, појасни тој.

Кавадарчанецот добил скршеници прескокнувајќи ограда, бегајќи од полиција за време полициски час.

Драмата која му се случувала синоќа на 30-годишен кавадарчанец, ја потврди Ратко Грков, доктор во Брза помош Кавадарци.

„Интервениравме на повик синоќа околу 18 часот. Младиот човек имаше комплетно две скршеници на двете коски на потколеница. Имобилизиравме и го пренесовме во болница. Стануваше збор за повреда за која е потребен оперативен третман“, рече докторот.

Според тоа што го раскажал 30-годишникот, додека се движел со автомобил, му била покажана полициска палка за да застане. Не го почитувал знакот и продолжил кон селото Марена.

Во селото излегол од возилото и се обидел да прескокне ограда за да влезе во дворот на другар. Таму и се повредил.

Со повреденото момче било уште едно лице кое имало зголемена температура и болки во гради и мускули, па било упатено кај матичен лекар за да му се направи епидемиолошка анкета за понатамошно постапување, според препораките на Министерството за здравство.

Со Брза помош било однесено дома со препорака да се самоизолира.

МИА

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе