Центар за управување со кризи

Карпа од 20 тони се заканува да падне во езерото Матка од 100 метри височина

Карпа со маса од 6 до 8 кубни метри и тежина од околу 20 тони се заканува да падне во езерото Треска од височина од околу 100 метри, алармира денеска директорот на Центгарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој рече дека браната на езерото не би била загрозена, но постои опасност за луѓето кои пловат, потсетувајќи дека секојдневно има туристички тури и упати порака да се избегнува делот каде што е испустот на вода.

„Оваа карпа, доколку би тргнала надолу, би имала огромна кинетичка енергија поради својата тежина, големина и форма. Можеби карпата нема да се помрдне уште сто години, можеби е во ваква позиција со децении, не знаеме точно, но мора  да направиме испитување. Не секој може да дојде до неа, бидејќи станува збор за речиси вертикален терен. Ќе упатиме извстување до повеќе институции кои можат да нѝ дадат релевантни информации, како што се МВР, Институтот за земјотресно инжинерство, Градежниот факултет и други“, рече Ангелов.

Toij информира дека карпата се наоѓа над десната страна од течението на реката Треска.

Доколку карпата се помрдне и тргна надолу, би можела да предизвика одрон и на многу камења или карпи, рече Ангелов, изнесувајќи мислење дека е многу веројатно дека пад во скоро време не би требало да се очекува, но и додаде дека никогаш не се знае додека релевентни инстституции тоа стручно не го анализираат.

„Нема простор за паника, но со природата нема играчка“, рече тој.

Ангелов рече дека пред неколку денови за карпата компанијата ЕВН била информирана од група алпинисти.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе