ВМРО-БНД објави

Каракачанов и внукот си го крсти Гоце Делчев за инает на „скопските манипулатори“

Дури и на скопските манипулатори веќе треба да им биде јасно чиј е Гоце Делчев! Вака ВМРО-БНД, партијата на Красимир Каракачанов, ја објави информацијата за вториот внук на нивниот партиски лидер. Партијата објави дека внучето на Каракачанов ќе се вика Георги Николов Делчев.

„Малиот херој е второто внуче на претседателот на ВМРО-БНД од неговата ќерка Деница и неговиот зет Никола. Детето ќе го носи легендарното историско име Георги Николов Делчев. Ова се трите имиња на војводата Георги (Гоце) Делчев. На малиот Георги му посакуваме здравје, сила и храброст!“, се вели во честитката на партијата на поранешниот министер за одбрана и вицепремиер на Бугарија.

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе