По вонредната инспекција

Канцелариите на „Беса транс“ од вечерва се запечатени

По вонредната инспекција, државниот инспекторат за транспорт ги напушти канцелариите на фирмата „Беса-Транс БТБ" во Скопје, пренесува ТВ21.  По извршените контроли, инспекторите го затворија објектот и поставија ленти на вратата. Додека трае истрагата, освен надлежните, никој нема да смее да го отвори објектот. 

Вечерва на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека МВР постапува по наредби дадени од Обвинителството, но не прецизираше за што точно имаат наредби во интерес на истрагата.

На прашањето каде се сопствениците на „Беса транс", компанијата чиј автобус изгоре во трагична автобуска несреќа во Бугарија, министерот за внатрешни работи Спасовски изјави дека тие се достапни и дека со нив се раговара, но не одговори каде се.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дополни дека автобусот на „Беса транс" во кој загинаа 45 патници,за превоз на патници користел неважечки извод од друг автобус.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе