Убава и јасна фотографија

Камера на Галичица „улови“ балкански рис

Млада единка на загрозениот вид балкански рис е фотографирана на специјално поставените фотографски апарати наменети за следење на активностите на срните во Националниот парк „Галичица".

Станува збор за мошне убава и јасна фотографија на млад примерок на рисот, што се помалку го има во нашите шуми.

Андон Бојаџи, раководителот на Одделението за заштита на природата од НП „Галичица", појаснува дека изминатите 18 месеци специјалните сензор камери имаат направено повеќе фотографии на единки на балканскиот рис и тоа на повеќе локации, но оти таквите податоци не се доволни за да се утврди нивната популација и бројност.

Идентификацијата на единките преку фотографии е отежната, бидејќи таа се утврдува според шарите на крзното на рисот, што е речиси невозможно преку фотографии со послаб квалитет.

Во соработка со Македонско еколошко друштво се прават напори да се процени популацијата на балканскиот рис, вклучително според бројноста на срните што се дел од неговата исхрана.

„Таа информација ни е потребна за да можеме некако да процениме колкав е бројот на рисови присутни во НП „Галичица" и каква е состојбата со пленот. Посредно да се проанализираат условите во живеалиштето за да можеме посоодветно да планираме мерки и активности за поддршка на популацијата на Балканскиот рис“, вели Бојаџи.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе