„Како Вардар ќе потечам и ѓубре ќе довлечам“ - герила акција во Велес (ФОТО)

Пластично шише, гума од автомобил, олук, цевка - Ф100, цевка за водовод, чизми, фрижидер, пластична мрежа, црево, тврда пластика, чорапи… се дел од еко-системот на реката Вардар. Уметникот  и скулптор Андреј Миневски заедно со клубот за младински активизам при Младинскиот образовен форум (МОФ) денес, вчера направија уметничка герила акција во Младинскиот парк, во центарот на Велес, насловена „Како Вардар ќе потечам и ѓубре ќе довлечам“.

 

Тие ги изложија „пронајдоците“ уловени од реката со јадица.

„За да ги уловиме ‘пронајдоците’ не ни беше потребно воопшто време“, велат активистите, кои посветиле цел ден за „рибарење“ на отпадот кој се довлекува од цела Македонија.

Уметничката герила акција цели да ја зголеми свеста на луѓето и да ги алармира институциите за загадувањето на животната средина, конкретно во коритата на Вардар, најголемата река во Македонија.

„Ѓубрето е Made in Маcedonia. Но, до кога и колку можат граѓаните да фрлаат? Можат ли претпријатијата да соберат онолку колку што луѓето можат да остават зад себе? Имаат ли надлежните капацитет, кадар и опрема за да ги опслужуваат граѓаните, а притоа да се најде начин овој ѓубреџиски круг да не продолжи? Кој ќе го сопре?“, прашуваат активистите и креативците.

Заедно со „пронајдоците“ претставени се и времето потребно за разградување на пронајдениот отпад и како тој влијае врз животната средина.

За да се разложи еден фрижидер потребни се 500+ години, за да се разложи цевката Ф100 потребни се 450 години, колку што се потребни и за разложување на една водоводна цевка и на тврдата пластика.

Според Државниот завод за статистика, во Македонија во 2021 година се собрани 632.087, а создадени 896.066 тони комунален отпад. Ова значи, скоро четвртина од отпадот, 260 тони, не е собран, односно нема информации каде завршува.

„Едно е сигурно, голем дел завршува во Вардар, или на некоја дива депонија, каде надлежните органи немаат капацитет, услови или волја да го соберат“, велат тие и додаваат дека дополнителен проблем е селекцијата на отпадот во Република Депонија.

Најголем дел од комуналниот отпад што сме го создале, без било какво одвојување и фрлање во посебни контејнери, како измешано ѓубре завршува низ земјава. Односно, дури 522.914 тони од собраното ѓубре е измешан комунален отпад.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе