Неформално дружење во „Амбрела“

Како изгледа социјалниот живот на слепите лица

Националниот сојуз на слепите заедно со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации, денеска во ресторанот „Амбрела“ во Градскиот трговски центар организираат „Blind table restaurant“.

Целта на настанот, соопштуваат организаторите, е преку неформално дружење, присутните да се запознаат со некои од предизвиците со кои се соочуваат слепите лица во земјава.

„Гостите ќе може да добијат увид во тоа како изгледа социјалниот живот на овие лица низ нивната призма и со какви проблеми тие се судираат во средината во која живеат. Истовремено, на настанот ќе се стави акцент на ратификувањето на Меѓународниот Маракешки договор кој дава пристап до литература на оваа категорија на граѓани. Гостите ќе може да стават темни траки преку очите со цел да почувствуваат за миг како слепите лица го перцепираат светот околу нив. Низ ресторанот ќе ги спроведуваат волонтери од организациите на слепи лица (слепи и слабовидни лица). Целта е гостите да развијат доверба кон слепото лице – водич, како што едно слепо лице му верува на лицето со нормален вид“, се вели во соопштението.

Менито во ресторанот ќе биде изработено на Брајово писмо, а на гостите при нарачување од менито ќе им помагаат слепите лица. На настанот ќе бидат презентирани и тифло-технички помагала кои го олеснуваат секојдневниот живот на слепите лица.

Активноста е дел од проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, а го финансира Европската Унија.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе