Каде сè има интервенции на патиштата и опасност од одрони, информира АМСМ

Патот од Росоман - Прилеп е отворен за сите видови на возила, соопшти АМСМ откако вчера на Плетвар, кај месноста викана Трите ленти дојде до деветчасовен прекин на сообраќајот поради одрон на земјиште и огромни количини на вода. АМСМ информира за состојбата на одделни патишта, а генерално, сообраќајот на патиштата низ земјава се одвива по влажни коловози, а особено внимателно треба да се вози низ долините и клисурите и особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почнувајќи од вторник од 10 до 14 часот, во наредните 45 дена ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за делница Маврови Анови – Жировница. Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. 

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

На патниот правец 2251 Пробиштип-Лесново ќе бидат изведувани градежни работи (асфалтирање) така што истиот ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај во периодот од 11-17 часот секој ден се до завршување на работните активности.

Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од вторник ќе започнат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар.

Поради изведување на санациони работи мостот на река Кумановка на Р1204 делница Куманово – Свети Николе во наредните месеци ќе биде затворен за сообраќај.

„Стентон градба ДОО" известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на реката Раец кон Плетвар. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

ГД Гранит АД Скопје известува дека на делницата ГП "Блаце" – Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, пред Граничниот Премин "Блаце"  на местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

СТРАБАГ АГ известува за времена измена на режим на сообраќај на државниот пат А1 делница Велес – Неготино, за изградба на клучка Градско како дел од автопатот А1. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лента и лентата за застанување, додека нема да може да се вози по сообраќајната лента за претекнување. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон г. п. Богородица и во правец на г. п. Табановце. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае од 17.11.2021 год. во следните 7 (седум) месеци.

ДГТ Жикол гизвестува дека поради изградба на наплатните станици на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (во двата правци). На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

ГД Гранит врши рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Се изведува делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите се одвива по една сообраќајна лента.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе