Градоначалникот трета недела им помага на лекарите

Јовановски бара карантин за Прилеп, за два дена од ковид-19 починаа 9 пациенти

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски работниот ден веќе трета недела го започнува на инфективното одделение во градот каде се лекуваат болни од ковид-19. Тој, пред се како медицинско лице, застана во поддршка на лекарите во битката со болеста, но вели она што го загрижува е секојдневниот висок процент на заразени во Прилеп, како и бројот на починати од ковид-19. Поради ова градоначалникот на Прилеп, побара од централниот Кризен штаб да прогласи карантин во градот.

„Сметам дека карантин е неопходен за Прилеп. Состојбата е загрижувачка и не смееме да дозволиме да излезе надвор од контрола. Само вчера починаа шест граѓани, а просечно има по тројца починати. Ова е време кога треба сите да помогнеме. Затоа не само што две недели работниот ден го почнувам на инфективното одделение со цел од технички, организациски и медицински аспект да им помогнам на колегите, туку упатив апел и до сите матични лекари, медицински сестри, целиот персонал да одвојат дел од слободното време и да се вклучат во борбата со ковид-19 за да ја надминеме што поскоро оваа состојба," вели градоначалникот Јованоски.

Вчера во Прилеп беа регистрирани вкупно 78 нови заразени со ковид-19. Јовановски смета дека пикот ќе се достигне на крајот на овој месец, и дека потоа ќе се намали притисокот што сега се чувствува во општата болница, барем за одреден период.

„Има место за сите пациенти засега, на располагање се 100 болнички кревети. Освен во инфективното одделение, каде остануваат најургентните случаи, пациентите се хоспитализираат во очно, одделението за уво, нос и грло, во еден тракт од интерно одделение, неодамна и во гинеколошкото, а терапија пациентите примаат и во одделот за физикална терапија, што исто така е ставен на располагање на потребите на пациентите со ковид-19," додава Јованоски.

Градоначалникот на Прилеп, по утринската волонтерска работа во прилепската болница, работниот ден го продолжува во Општина Прилеп. Но, во вечерните часови од 19 до 22 часот, тој е повторно со пациентите во инфективното одделение. Помага секаде каде што е потребно.

Вели дека ќе биде со колегите лекари се додека им е тоа потребно и додека така налага состојбата во Прилеп. 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе