Јапонска помош за поголема и поефикасна заштита од природни катастрофи

Соочени со последиците од влошените состојби во шумарството поради сé позачестените пожари, свлечишта, поплави, суши, ерозии и деградации на земјиштето, мораме да ги интензивираме активностите за заштита на екосистемите, порачаа учесниците на првиот регионален семинар за намалување ризици од катастрофи.

Преку употреба на еко – системски решенија, земјава и останатите држави на Балканот, со јапонска помош, ќе развиваат нов, современ, одржлив модел за управување, конзервација и обновување на шумите. Станува збор за проектот Еко – ДРР што почна да се имплементира лани, а сега веќе влегува во втората, регионална фаза.

Мапирање области со висок ризик во шума и шумско земјиште, пошумување еродирани и деградирани почви, вклучување на населението и општините во планирањето, известувањето и справувањето со екосистемските пореметувања, како и соработка со меѓународни институции, ќе бидат само дел од Еко – ДРР мерките.

„Балканот треба да работи постојано на превенција и намалување на ризиците. Еко – ДРР е долг процес, но еден ден вашите деца и внуци ќе ви бидат благодарни, ќе ги почитуваат вашите напори. Балканските земји се планински, како Јапонија. Затоа, управувањето со шумите и реките е многу важно. Треба секогаш да се подготвиме подобро“, истакна јапонската амбасадорка Кеико Ханеда.

Според директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, целта на Еко – ДРР е намалување на интензитетот и фреквентноста на поплавите, лизгањето на земјиштето и ерозијата.

„Природните катастрофи последниве години предизвикуваат големи штети со економски последици и доведуваат до тешка деградација на средината. Од проектот очекуваме зајакнување на националните капацитети за координација меѓу домашните институции преку надградба и проширување на функциите на постојниот македонски информативен систем за шумски пожари (МКФФИС) со воведување нови модели за управување со ризици, нови практики и технологија за заштита и намалување на ризиците од придони непогоди“, нагласи Буџаку.

Помошник-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Маре Басова, подвлече дека јапонската помош ќе овозможи подобро одржливо управување со шумите, зонирање врз основа на нивните екосистемски функции, како и поставување модел за заштита со пошумување.от „Градење капацитети за екосистемски базирани мерки за намалување на ризикот од катастрофи“ (Еко – ДРР) го спроведува Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА) во соработка со ДЗС и „Македонски шуми“, но во него се вклучени и професори од Шумарскиот факултет во Скопје.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе