Амбасадорката на Јапонија во Македонија, Кеико Ханеда
Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда ќе посети 7 општини каде ќе присуствува на свечените церемонии за затворање на проектите кои лани беа имплементирани. Во текот на првите две недели од септември Ханеда ќе ги посети реновираните болници во Кавадарци и Македонски Брод, болниците во Тетово и Велес кои добија донација за набавка на амбуланти возила, како и јавните комунални претпријатија во Виница, Валандово и Крива Паланка што добија средства за набавка на нови комунални возила и ровокопач.
Во следните месеци, ќе бидат спроведени уште 12 церемонии на примопредавање во 7 региони за градинки и училишта во Штип, Добрушево, Долни Дисан, Канатларци, Старо Нагоричане, Батинци, Битола, проекти за помош на општините Градско, Маврово Ростуше, Пробиштип, помош за здравствениот дом во Кратово и проект за подобрување на медицинското опкружување на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје.