Јанева се соблекла по долна облека во Заводот за ревизија

По завршните зборови на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во судскиот процес „Рекет“, таа денеска повторно предизвикала скандал откако службено била спроведена во Државниот завод за ревизија.

Веднаш откако почнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР, Јанева почнала да се однесува дрско и непристојно, а во еден момент ја соблекла својата облека и останала во просторијата по долна облека во присуство на повеќе лица и одбила да даде било каква изјава.

МВР ја потврди информацијата.

„На 03.06.2020 година во 10.30 часот лицето Катица Јанева со родена 09.02.1965 година по лична карта на ул. Гоце Делчев бр. 6 -Гевгелија ,а со престојувалиште на ул.Иво Лола Рибар бр. 43/2-13 Скопје, по Наредба број од 27.05.2020година од Основен Кривичен Суд – Скопје била спроведена од нејзиниот дом до ул. Јордан Мијалков бб поточно Државен Завод за Ревизија, во Палата Емануел Чучков. Веднаш откако започнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР во сала бр.03 горенаведената по чл.4 од ЗППЈРМ го наруши јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место на тој начин што во еден момент ја соблекла својата облека и останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и истата одбила да даде било каква изјава во врска со настанот. Од страна на Т-420 сочинет записник за констатиран прекршок по чл. 4 ЗППЈРМ кој одбила да го потпише и прими“, информираат од МВР.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе