Управен одбор на Градежната комора

Јаќимовски: Не ја повлекуваме иницијативата за уставноста на мораториумот, тој не е законски

Управниот одбор на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија едногласно одлучи да не ја повлекува поднесената иницијатива за оценување на уставноста на мораториумот за градење во општина Центар поради тоа што мораториумот не е во согласност со закон и Устав, изјави денеска Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора, во коментар на неодамнешната одлука на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за градба во Центар.

Иницијативата до Уставниот суд, појасни тој, е резултат на тоа што во изминатите 15 месеци не успеавме да оствариме соработка со општина Центар со цел да ги доставиме нашите аргументи дека ниту во Законот за просторно урбанистичко планирање, ниту во Уставот, не постои терминологија мораториум и запирање.

„Секој закон престанува да важи со носење нов закон, секој закон може да се измени и дополни во Собрание. Тоа што значи генерален урбанистички план е устав во секторот, а тоа што значи детален урбанистички план е закон во градежништвото“, рече Јаќимовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Уставниот суд одлучи времено да го укине мораториумот за градба во Центар до носење на конечната одлука за неговата уставност, по иницијатива на Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Со мораториумот воведен на крајот на 2017 година беа запрени постапките за издавање одобренија за градење во урбанистичко-планските документации од деталните урбанистички планови.

МИА

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе