Јакимовски на увид во градинката со паднат плафон: Не е мокро ова е паднато само од себе (ВИДЕО)

Технички проблем најверојатно е причината за паѓањето на плафонот од гипс картон во градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2 во скопската општина Карпош.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски утрово бил на увид во просториите на градинката каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

„Не е мокро, ова е паднато само од себе. Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување.

Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон“, изјави Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот.

Претходно, пратеникот Антонио Милошоски објави на Фејсбук дека за време на викендот паднал плафонот во градинката, а за среќа немало деца.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе