Агенција за храна и веретинарство

Изминатата година не е евидентирано ниту едно труење со храна

Системот за безбедност на храната е функционален. Изминатата година не е евидентирано ниту едно труење, иако биле пријавени три случаи со 19 лица, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, оценувајќи дека ваквите резултати се солидни ако се земе превид дека во 2017 година 21 лице завршиле на болничко лекување, а лани 35.

Според Атанасов, минатата година во трите случаи причинителот не е потврден зашто пријавените 19 лица имале благи симптоми.

„Во светски рамки годишно се евидентираат по околу 600 милиони случаи на труење со храна, а од нив 430.000 завршуваат со смрт. Оттука, можеме да кажеме дека кај нас системот на безбедност на храната функционира и во него се вклучени сите инволвирани: потрошувачите, институциите, операторите со храна и лабораториите“, рече Атанасов на средба со новинарите.

За поефикасна и уште подобра контрола, како и за поголема безбедност на храната, АХВ, потенцира директорот, воведе систем за брзо известување според европските стандарди, почна да спроведува Програма за контрола и превентива на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна, имплементира мониторинг на храната третирана со јонизирачко зрачење, а почна активно да работи и Националниот совет за безбедност на храната.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе