Изгоре хангарот на Едриличарскиот клуб во Струга (ФОТО)

Голем пожар ги пеплоса бараките во кои е сместен Едриличарскиот клуб во Струга, којшто се наоѓа во близина на „Машка плажа“.

Брзата интервенција на Струшките пожарникари спречи поголема катастрофа, и не дозволи проширување кон други објекти. Нема повредени цивили, а еден пожарникар е хоспитализиран поради труење од чад.

Командирот на Територијалната против-пожарна единица Ристе Талевски за МИА информира дека е опожарен цел хангар каде што беше сместен Едриличарскиот клуб и предизвикана е голема материјална штета.

„Интервениравме со две противпожарни возила и 13 пожарникари. Предизвикана е огромна материјална штета, но за среќа нема повредени цивили. Поради вдишување чад еден пожарникар е хоспитализиран“, изјави Талевски.

Поради силината на огнот, додаде, постоела опасност да бидат зафатени и локалните бараки.

„Пожарот е локализиран, работиме на целосна ликвидација. Спасени се надворешните едрилици, а постоеше опасност од зафаќање и на локалните бараки“, посочи Талевски

Причините за пожарот не се познати. По целосното гаснење, екипи на крим техника ќе работат на утврдување за причините.

Фото: Охридњуз

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе