Опожарено возилото на ексградоначалникот на Скопје

Изгоре аудито на Шилегов, покрај него се запалија пасат, матиз и нисан

Ноќеска дваесетина минути по 3 часот опожарено е возилото ауди на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Возилото, пред да биде опожарено го паркирала неговата сопруга Јасмина, а е регистрирано на едукативен центар Џуниор. Во пожарот зафатени биле уште три возила на ист сопственик.

Фото: Архива

„На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул."Петре Пирузе" во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила пасат, матиз и нисан со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53)", соопштија официјално од МВР.

Се врши увид и се работи на расчистување на случајот

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе