Изгласан пакетот закони за социјалната реформа, зголемената помош за 300 отсто ќе се исплаќа од идниот месец

Пратениците во Собранието денеска го изгласаа пакетот закони кои треба да ја овозможат социјалната реформа. Првите исплати на зголемената парична помош за 300 отсто се очекуваат од идниот месец. Трите пакет закони за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица треба да овозможат целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита и воведување социјална правда како основа на секое здраво и напредно општество.

„Ова е голем ден за нашата држава за сите наши граѓани и граѓанки. Собранието ги изгласа пакетот на закони за социјалната реформа, со оваа реформа поставуваме нов стандард во социјалната заштита. Директно работиме на намалување на детската сиромаштија ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и за првпат воведуваме закон за социјална сигурност на старите лица. Целата реформа ја работевме во широка консултација со сите засегнати страни и тоа ни дава за право да веруваме дека истата таа ќе ги постигне и своите резултати. Не само што воведуваме минимален адекватен приход или повеќе финансиски средства кај најсиромашните туку воведуваме и услуги кои што директно овие лица ќе ги носат до вработување, а децата до предучилишно образование во целиот образовен систем“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Со ова, додава таа се овозможува секој да ги постигне своите потенцијали во општеството, затоа што веруваме во инклузивно општество, еднакво општество, општество кое што дава шанса и се грижи за секој поединец.

„Ова е важно за мене како министерка многу, но исто така е важно за Владата и е важно за целото општество. Работиме директно на намалување на сиромаштијата на нашата држава и вложуваме во идните генерации. Се грижиме на секое дете му се даде еднаква шанса да може да го постигне својот вистински потенцијал во текот на животот“, потенцира министерката.

Со социјалната реформа пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати повеќе деца. Конкретно, детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Се воведува и социјална сигурност за стари лица кои останале без старосна пензија и немаат други извори за егзистенција.

Со реформата во социјалната сфера се воведува и блиска работа на социјалните тимови со секој поединец и семејство се до конечно извлекување од социјален ризик, односно до нивно вработување.

Со Законот за социјална заштита се унапредуваат правата и овозможуваме подобри услови за лицата со попреченост.

„Воведуваме две целосно услуги за лицата со попреченост – лична асистенција и услугата домашна нега. Дополнително, правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува и изнесува до 50 отсто од просечна нето плата. За дополнително да го олесниме животот на биoлошките семејства на лицата со попреченост, а го зголемуваме износот на правото на посебен додаток за 15 отсто“, вели Царовска.

Се развива и услугата за домашна семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на другите членови на семејството.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе