Избувна пожар над Прилеп

Пожар избувна попладневно над Прилеп. Пожарот, како што информираат од прилепската противпожарна единица, почнал околу пладне со запалена сува трева кај месноста „Топташ" и попладнево се проширил и ја зафатил мешовитатата шума во близината. Пожарот се движи во близина над манастирот „Свети Димитрија" кај селото Селце.

На теренот се 10-ина пожарникари со возило од противпожарната единица и 10-ина вработени од подружницата „Црн Бор“ на ЈП „Македонски шуми.

Според Влатко Велески, раководител на „Црн бор“, пожарот, најверојатно е предизвикан со палењето прво на тревата.

„Запалена е прво сувата трева, малку стивна пожарот за ветрот попладнето да го разгори во блиската мешовита шума над градот. Не се движи кон манастирот „Свети Димитрија“ туку над него. Се надеваме дека сите екипи што се на теренот ќе се справат со стихијата, но, во секој случај, во ноќните часови екипите мора да се повлечат“, изјави Велески.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе