Избрано раководството на секцијата на спортски новинари при ЗНМ

Секцијата на спортски новинари при Здружението на новинарите на Македонија за раководител го избра Перо Момировски на денешното изборно собрание во просториите на Клубот на новинари во Скопје на кое присуствуваа 40-тина спортски новинари.

Од ЗНМ информираат дека меѓу првите активности со кои ќе се бави секцијата е подобрување на условите за работа на спортските новинари, преку олеснување на нивниот пристап до спортските активности и настани, како и унапредување на соработката со спортските федерации и клубови во државата и надвор.

На состанокот, исто така било заклучено дека во наредниот период раководителот на секцијата ќе состави тим во кој ќе учествуваат уште неколку спортски новинари, со цел поефективна координација на ова тело во иднина.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ја поздрави иницијативата и порача дека само сложно и солидарно може да се подобри амбиентот во кој работат спортските новинари.

Од ЗНМ потсетуваат дека ова е втора секција во рамки на здружението, откако минатиот месец беше формирана секција на сниматели, а во иднина најавено е формирање на посебни секции на млади новинари и на истражувачки новинари. 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе