Истражители и обвинител од Бугарија денес доаѓаат во Обвинителството во Скопје

Главниот бугарски обвинител Иван Гешев во придружба на истражители денеска ќе дојде во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК примероци од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, денеска Бугарското обвинителство треба да објави нови информации за трагедијата.

Во меѓувреме, продолжува истрагата за тешката автобуска несреќа во која загинаа 46 лица на автопатот „Струма" во Бугарија.

Бугарската телевизија „Нова" јави дека шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Подрачното обвинителство во Перник работат на предистражната постапка.

Портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева уверува дека во најкус можен рок, бугарските истражители ќе ги добијат потребните документи од нивните македонски колеги, јавува дописникот на МИА од Софија.

Во меѓувреме, седумтемина преживеани остануваат на лекување кај Пирогов. Нивната состојба е стабилна. Двајца од преживеаните вчера се оперирани. Еден од нив има длабока изгореница на двете раце. Здравствените власти размислуваат оние кои се стабилни да си одат дома кај своите најблиски.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе