Влада

Исплатата на пензиите од 26 ноември

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за ноември 2020 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување најдоцна до утре да ги достави податоците за пензиите до деловните банки.

На деловните банки Владата им препорача да обезбедат пензионерите од 26 ноември да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

„Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26 ноември – четврток, за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27 ноември – петок, за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30 ноември – понеделник, и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 1 декември – вторник“, соопшти Владата.

На денешната седница е усвоена и Информацијата за спроведување на јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот декември 2020 – декември 2022 за потребите на населението на Република Северна Македонија.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе