Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи

„Исцелителот“ Кајшаров да не крие дека е водач на христијанска црква „Блага вест", се огласи државата

Лицето Константин Кајшаров, кој самостојно ја информира јавноста за неговите активности кои ги дефинира како исцелување, ослободување од демони, проклетства и маѓии и за кои споделува видео прикази, е одговорно лице, претседател и верско лице на Доброволната заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест" и како таков ги презема своите активности, реагира Комисијата за односи меѓу верските заедници и религионзни групи и вели дека „предрасудите не се мерило за пропустите против законот“.

Социјалните мрежи „се вжештија“ откако за во сабота самопрогласениот исцелувач и бркач на демони Константин Тино Кајшаров најави својот настан на кој од луѓе кои имаат некаква мака ќе ги „ослободување од демони, проклетства маѓии, болести“.

Комисијата за односи со верските заедници денеска реши да реиагира со „благо“ соопштение и да предупреди да не се создава сензационализам од манифестациите на верата и со зголемено внимание да се почитува интегритетот и достоинството на луѓето.

Во соопштението се вели:

„Комисијата за односи со верските заедници предочува на јавноста дека во демократски уставно-правен систем каков што е и тежнее да биде македонскиот, слободата на вероисповед и манифестации на својата вера е неприкосновено право на секој граѓанин, исто како што е неприкосновена и гарантирана полната слобода секој граѓанин да одлучи дали ќе биде дел од одредени манифестации на вера, ритуали и обреди.

Доколку било кој граѓанин бил доведен во заблуда, измамен или принуден против својата волја има право на судска заштита на своите права. Граѓанин кој има сознание пак дека некое лице извршило кривично дело или друг деликт е повикан истото да го пријави. Секој човек има обврска и можност да размисли, но и право по сопствена совест да одлучи кому и дали ќе положи верба.

Комисијата ја известува јавноста дека во непосреден контакт со правното лице Доброволна заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест" регистриран верски субјкет во Единствениот судски регистар под број РСВЗРГ-1/16, утврди дека лицето Константин Кајшаров кој самостојно ја информира јавноста за неговите активности кои ги дефинира како исцелување, ослободување од демони, проклетства и маѓии и за кои споделува видео прикази е одговорно лице, претседател и верско лице на Доброволната заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест" и како таков ги презема своите активности.

Комисијата стои цврсто на ставот дека предрасудите не се мерило за пропустите против законот, а сериозно разгледувајќи го делувањето на субјектот укажува на Христијанската црква „Блага вест" и до нејзиното одговорно лице Константин Кајшаров особено да внимава во односите со јавноста да не се создава сензационализам од манифестациите на верата и со зголемено внимание да се почитува интегритетот и достоинството на луѓето кои одлучиле да бидат дел од неговите обреди и ритуали, како и при делувањето, најавата на активности и нивната реализација да стави јасно до знаење на луѓето дека истите ги организира Христијанската црква „Блага вест", со цел намалување на можностите луѓето да направат превид и да западнат во заблуда“.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе