Во интерните формулари

Институт за трансфузиона медицина демантира дека имало koristewe denovi

Институтот за трансфузиона медицина на скопските клиники, за кој вчера објавивме дека на вработените им пушта македонско-албанско-кирилично-латинични турлитава-формулари, од кои објавивме принтскрин, демантира дека тие постојат и приложи „оригинални обрасци“.

„Почитувани во врска со Вашата објава за ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина Ве информираме дека такви обрасци со почетни грешки не се користени. Во прилог ви ги праќаме оригиналните обрасци.

Со почит, Д-р С Усеини, медицински директор“, велат во писмото до нашата редакција и приложуваат поправени, двојазични интерни документи, со текст граматички не сосема коректен, но барем македонскиот дел е напишан на кирилица.

Поправената наредба Поправената молба

Вчера МКД.мк објави дека молбите, наредбите и другите формулари вработените на Институтот освен што ги добиваат двојазично (што не мора, бидејќи се интерни), туку и македонскиот дел е невешто напишан на латиница, со погрешни букви и лош стил.

Молбата од вчера Наредбата од вчера

Објавено

Вторник, Декември 3, 2019 - 09:41

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе