Реакција на жителите на Маврово

Инспекторката која сакаше да ја среди катастрофалната ситуација во Маврово, Владата ја разреши

Ана Петровска, директорката на Инспекторатот за животна средина која се осмели да им наложи на инспекторите да почнат со утврдување на катастрофалната ситуација во Мавровскиот крај, односно во целиот Национален парк Маврово, Владата реши да ја разреши без никакво образложение, реагираат претставниците на месните заедници во Маврово.

„Таман се понадевавме дека ќе почнат да се средуваат работите со неконтролираната изградба во Маврово, со загадувањето на водите, со дивите депонии... некој решил тој процес да го сопре. Ана Петровска во извештајот за Маврово напиша и за Скудриње каде што сета нечистотија и од индустриските капацитети и од  куќите се влева во Радика... Желбата ѝ беше да се истера на виделина вистината и да се стори нешто насекаде во Македонија, но вчера Владата ја разреши. Очигледно има други планови“, реагираат мештаните од Леуново, Никифорово, Маврово, Маврови Анови...

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе