Инспектори зеле мостри за анализа од отпадната вода со црвена боја во Вардар

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека вчера по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, направиле увид на посочената локација. Со непосредниот инспекциски надзор утврдиле дека водата е со црвена боја и веднаш биле земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа кои се однесени во акредитирана лабораторија и е во тек нивно испитување.

Истовремено, како што се посочува во соопштението, извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје, ул.„16 Македонска бригада" б.б.

Во момент на надзорот погонот Лужилница не беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на 10 јули во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваат 210 литри на час отпадна вода која е безбојна. Исто така е извршен визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 кубни метри на час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе