Време

И утре топло со температури до 25 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 Целзиусови степени.

Како што информира УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.

Во Скопје слично време, претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, а од пладне сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Во понеделник ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а во вторник се очекува локална појава на слаб дожд и опаѓање на температурите.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе