среда, 8 мај 2024
Нов магичен пресврт во финишот од мечот

Драма во Мадрид, Хоселу влезе и со два гола за три минути го однесе Реал во финале (ВИДЕО)

Реал Мадрид е вториот финалист во Лигата на шампионите, „кралевите“ вечерва беа пред пораз, но Хоселу со два гола во финишот се погрижи за нова магична ноќ.

Објавено на

часот

Сподели

Реал никогаш не треба да се отпише во Лигата на шампионите, „кралевите“ многупати тоа го покажаа изминативе години, а сега на своја кожа го почувствува и Баерн Минхен.

Мрежите на реваншот во Мадрид долго време мируваа, Ноер и Лунин беа главни виновници за ова, со одлични интервенции не дозволија да бидат совладани.

Првиот удар го зададоа гостите, по еден брз против напад, Дејвис убаво се десна пласираше во аголот за 0-1 и голема радост.

И кога се чинеше дека љубителите на фудбалот ќе гледаат германска пресметка во финалето, Нојер киксираше, испушти една топка и му овозможи на Хоселу да погоди за 1-1 во 88. минута од мечот.

Напаѓачот се прослави во 91. минута кога се најде на право место и додавањето на Ридигер го претвори за 2-1 и огромна радост.

По десетина минути игра во судиското надополнување, Де Лихт ја затресе мрежата за 2-2, но голот не важаше откако судијата неколку секунди претходно свирна офсајд.

Од повторените снимки се доби впечаток дека ситуацијата можеби е регуларна, но ВАР не можеше да се замеша, со оглед на тоа дека помошникот избрза со реакцијата а главниот судија реши да го послуша.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ