Како што пренесува МИА, поради сериозноста на ситуацијата повикани се и тие пожарникари кои се во изолација поради ковид.
Превентивно е исклучена струјата во индустрискиот дел од Битола, а затворен е и сообраќајот.
Според тоа што го кажа градоначалникот Тони Коњановски, двајца работници навреме излегле од објектот зафатен со пожарот и дека според информациите, немало други лица внатре.
СВР Битола јави дека не се пријавени повредени лица.