„И отпадот има вредност“, дебата за правилно управување со отпадот

Чист град за повеќето во Македонија е „мислена именка“, а заработка од отпадот „научна фантастика“. Сепак тоа е возможно. Начинот како да се оствари тоа го посочија експертите на Националната конвенција (НКЕУ-МК) на вчерашната онлајн дебатата на тема „Отпадот -  загадувач или ресурс? Како да се подобри имплементацијата на Законот за управување со отпад во Република Северна Македонија?“ што ја организираше Европското движење (ЕМ-МК).

„Новиот десетгодишен национален план за управување со отпадот што е донесен оваа година има за цел да ги направиме промените денес за да ја зачуваме средината во која ќе живееме во иднина. Но, за да ја постигнеме таа цел неопходно е да ја препознаеме вредноста на отпадот како ресурс“, изјави заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска, додавајќи дека сите ние како граѓани треба да дадеме свој придонес и сите надлежни институции целосно и координирано да соработуваат меѓу себе.

На дебатата, исто така, беше посочено дека правилното управување со отпадот е дел од обврските што нашата држава треба да ги исполни преку Поглавјето 27 за животна средина како предуслов да стане полноправна членка на ЕУ. Но, според анализите, во земјава реалноста покажува дека справувањето со отпадот се сведува на негово собирање и депонирање, со незначителна застапеност на превенција и селектирање што претставува предуслов за неговото искористување како ресурс.

Иако државата бележи напредок во транспонирањето на ЕУ легислативата во националното законодавство, реалноста сигнализира дека сме многу далеку од имплементацијата и од стандардите на Европската Унија, каде само 25 отсто од отпадот може да биде депониран, а другиот дел треба да биде преработен, посочи на дебатата националната координаторка на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење (ЕМ-МК), Милева Ѓуровска.

Преку дијалогот, во кој учествуваа македонски и словачки експерти за животна средина, консултанти, професори, истражувачи, екологисти, како и претставници на граѓански организации, на бизнис заедницата и на инспекторатите се настојуваше да се дефинираат клучните прашања за справување со отпадот.

Претседателката на Центарот за климатски промени од Скопје, Бојана Станојевска-Пецуровска, рече дека системот за селекција изостанува и дека дивите депонии сé уште постојат поради недоволен број инспекциски надзори, а освен тоа повеќето општински депонии не ги исполнуваат ни условите за безбедно управување со отпад. Единствено одреден напредок, според неа, има како резултат на работата на колективните постапувачи.

„За начинот на управување со отпад, но и за други важни прашања како што е грижата за животната средина можеме да учиме едни од други, особено во рамките на зелената агенда на Европската Унија“, изјави директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА) од Братислава, Томаш Стражај.

Тоа се покажа, како што рече тој, преку досегашните 44 одржани сесии на Националната конвенција, која по добивањето на датумот за преговори ќе стане дел од преговарачкиот процес.

Словачкото искуство во управувањето со отпад, всушност, го пренесе, директорката на Институтот за циркуларна економија на Словачка, Ивана Малеш, која рече дека македонските власти можат да учат од нивните грешки. Таа ги запозна учесниците со законодавството во Словачка, нагласувајќи дека една од најважните алки е циркуларната економија, а ја претстави и зелена политика наречена „Позелена Словачка“, според која до 2030 година заедно со борбата против климатските промени државата ќе мора да транзитира кон таа кружна економија.

„Многу сум среќна што денес состојбата во Словачка за разлика од пред десетина години е многу поразлична што рециклирањето се подобри за 60 проценти и што изградивме нови депонии. Сепак, треба да се знае дека се создаде друг проблем, а тоа е што управувањето со отпадот стана многу поскапо. Но тоа е цената што треба да се плати за заштита на животната средина“, рече Ивана Малеш.

Таа кажа дека секој од жителите на Словачка треба да плаќа надоместок според количината на отпад што го произведува, односно дека секој загадувач си плаќа соодветна сума за загадувањето. Исто така, врз промена на секојдневниот живот се одразил и отпадот од храна и биорзградливи материјали. Уште една промена што таа ја посочи е транзицијата кон зелени јавни набавки, при што се внимава јавните пари да се трошат за зелени решенија. Сепак, најважната алатка на државно ниво во Словачка е Програмата за управување со отпад што се носи на секои пет години. Последната е донесена во ноември 2021 година со што се очекува загадувањето да се намали за 25 проценти, а тука се и владините уредби за новиот систем за плаќање кауција на амбалажа за пијалаци, на пет амбалажа, лименки, пластика, метал, стакло... Она што сé уште го нема во Словачка, а што треба да се спроведе во претстојниот период, рече таа, е  рециклирање на текстилот и био отпадот.

Според презентацијата на словачката експертка, Словачка произведува 12 милиони тони годишно, од кои само комунален отпад е 2,3 милиони тони отпад годишно. Околу 50 проценти од отпадот се депонира во депонии, 41 отсто се рециклира, а само 9 отсто се гори.

Како добри практики од Словачка се примерите со системот на плаќање според количеството на отпад, па така секој граѓанин плаќа според големината на кантата за отпадоци и според бројот на нејзино празнење, додека контејнерите се со бар код. А, како добар начин да се намали отпадот е примерот со компостирање што неодамна го воведе Братислава.

За што поскоро приближување барем до стандардите за управување со отпад на Словачка, низ дијалогот произлегоа и конкретни препораки за поефикасна имплементација на новиот Закон за управување со отпад од октомври 2021 година што може да бидат корисни во справувањето со дивите депонии, афирмацијата и имплементацијата на ЕУ стандардите во локалните средини и операционализацијата на регионалната перспектива во управувањето со отпадот што на крајот на дебатата на Националната конвенција како еден официјален документ ги прочита директорката на „Еко свест“ од Скопје, Ана Чоловиќ-Лешоска.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе