Конечно решение за уривање во Маврово

И официјално: Општина Маврово-Ростуше донесе решение за уривање на деветте куќи под хотелот Радика

Компанијата Радика резорт доби решение за уривање на деветте вили што без дозвола се градат под хотелот Радика во Маврово. Општината Маврово Ростуше под притисок на јавноста конечно и официјално донесе решение со кое на инвеститорот Радика резорт му се наложува во рок од 15 дена да ги отстрани градбите, 9 типски објекти изградени во армирано-бетонски скелетен систем.

Градежните инспектори на Општина Маврово и Ростуше првиот увид го извршиле уште во март годинава, по што било констатирано дека инвеститорот нема одобрение за градба. Планот на инвеститорот е тука да се изградат 87 такви типски куќи, а изградбата на првите девет продолжила и после март.

На 15 септември бил извршен уште еден увид од страна на градежните инспектори, но изградбата продолжила. Во решението на општината пишува дека доколку инвеститорот сам не ги урне нелегално изградените објекти, тоа ќе го стори општината, но трошоците ќе мора да ги намири инвеститорот.

Надлежниот градежен инспектор во документот пишува дека од разговорот со претставници на хотелот Радика, овластеното лице Мурат Јусуфи му кажало дека градежните активности продолжиле затоа што инвеститорот сметал дека затоа што на 2 јули 2021 година има платено комуналии за 22 објекти во вредност од 56.188 евра може да гради и дека одобрението ќе го обезбеди во најкус можен рок.

Рокот за уривање e веројатно до средината на октомври, а мештаните велат дека работниците си продолжуваат со изградбата на куќите. 

А.Д.

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе