По националната потерница

Интерпол се вклучува во потрагата по Мијалков, МВР распиша меѓународна потерница

Откако Кривичниот суд даде согласност за да се распише меѓународна потерница, попладнево на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, националната потерница е сменета со меѓународна потерница и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се бара и надвор од границите на земјава. Во потрагата сега ќе биде вклучен и Интерпол. 

МВР имаше распишано национална потерница по Мијалков, откако вчера попладне полицијата не успеа да го најде за да му врачи решение за куќен притвор поради постоење на основано сомневање дека сторил три кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластување, злосторничко здружување и примање награда за противзаконито влијание.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе