И идната недела исти услови за влез во Грција, ПЛФ формулар и потврда за вакцинација или негативен ПЦР-тест

Предусловите и правилата за влез во Грција, односно задолжителен документ за ковид-19, како и пополнет ПЛФ формулар, кои важат и за македонските државјани, продолжени се за уште една седмица, до 1 октомври, јавува МИА од Атина.

Промени нема ни во однос на мерката за лицата кои патуваат со негативен тест, за нив и понатаму е задолжително тестирање при влезот во Грција, а за патување од Македонија отворени се сите гранични премини.

Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“  што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а во 6 часот утрово стапи во сила, сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“, исто како и во изминатите четири месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со ковид-19.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе